Сообраќајка меѓу три возила и градски автобус предизвика сообраќаен метеж во скопско Влае

Сообраќајна несреќа меѓу комбе, два автомобила и градски автобус кој соообраќа на линијата 22-а попладнево се случи на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.

Фото: „360 степени“

Во несреќата нема жртви, но предизвика метеж во сообраќајот и голем редица автомобили кои чекаа да се расчисти местото за да поминат.

 

 

 

Дополнително, како што јави репортерот на „360 степени“, на местото на сообраќајната несреќа може да се забележи група возремирени граѓани и патници од автобусот. 

 

Поради блокираниот коловоз, сообраќајот почна да се одвива по тротоарот, а на терен е присутна полицијата, но не и екипи на Итната помош.

По 15 минути застој полицијата почна да ги расчистува возилата, но сообраќајот метеж и редот се протегаат до трговскиот центар „Сити мол“.

Back to top button
Close