Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат на планинскиот превој Буково, информираат утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев

Back to top button
Close