Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за Еуростандард банката

Сooпштение на ВМРО ДПМНЕ:

Зоран Заев вчера кажа дека знаел за Еуростандард банката веќе година дена. Министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека не знаела ништо. Ова е огромен скандал. И манипулација со граѓаните.

Кој лаже Заев или Нина?!

Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е министерството за финансии.

Нина манипулира и ја лаже јавноста.

Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа.

Нина Ангеловска мора да сноси одговорност.

 

Back to top button
Close