Состанок на Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата.

Засега остануваат да важат мерките за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, домовите за стари лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против ковид-19, на сите вакцинални пунктови без закажување

Back to top button
Close