Советот на Општина Битола бара согласност од Владата за реализирање настава со физичко присуство
– Советот на Општина Битола донесе одлука и барање за согласност од Владата за реализирање настава со физичко присуство во дел од основните и средните општински училишта во Општина Битола во учебната 2020/2021 година.
На денешната седница битолските советници побараа согласност од Владата за реализирање настава со физичко присуство во основно образование за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во комбинирани паралелки од прво до петто одделение во учебната 2020/2021 година, поднесени од ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ОУ „Александар Турунџев“, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, ОУ „Елпида Караманди“ Битола и ОУ „Коле Канински“.
Советот на Општината бара владина согласност и за реализирање настава со физичко присуство во средно образование во учебната 2020/2021 година, поднесени од СОУ „Таки Даскало“ и СОЗУ „Кузман Шапкарев“, како и барање за реализирање практична настава со физичко присуство во учебната 2020/2021 година, поднесени од средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“.
Битолските советници со денешната одлука бараат согласност од Владата за реализирање настава со физичко присуство по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2020/2021 година, поднесено од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“-Битола.