Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

– Членовите на Советот на општина Василево дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение во општинските основни училишта.

-Деновиве во тек е анкетата со родителите на учениците кои се изјаснуваат каков вид на настава да посетуваат нивните деца и според досегашните резултати најголем број ја поддржале опцијата за физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата, информираат од Општината.

Во двете основни општински училишта во учебната 2020/2021 година, во ООУ „Атанас Нивичански“ во село Нова Маала и  ООУ „Гоце Делчев“ во општинскиот центар Василево, настава треба да посетуваат вкупно 1.058 ученици, од кои 109 се првачиња.

Back to top button
Close