Спасовски: Ќе ги санкционираме полицајците кои ги злоупотребуваат овластувањата!

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција говореше за реформите во МВР, но и за санкциите кои ќе ги добијат полицајците кои ќе ги злоупотребат работните места.


„Сечиј придонес е важен, очекуван, потребен и суштински. Продолжуваме со имплементација на стратегиите кои ги подтогвувме. Добрите резултати доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеници. Ќе ги продолжиме реформите во сајбер безбедноста, ќе дадеме придонес во борба против корупцијата, илегалната миграција и трговијата со луѓе. МВР е најдобро рангирана за транспарентност. Ќе ги санкционираме полицајците кои ги злоупотребуваат овластувањата“, истакна Спасовски на денешната прес-конференција.

Back to top button
Close