Спасовски и Филипче на средба со здравствени работници: На 15 јули излезете на гласање и изберете сигурно здравство

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче имаа средба ова попладне со здравтствени работници во Куманово.

-Повеќе ниту еден жлекар не сака да си оди од државата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството, рече Спасовски.

Нагласи дека е планирано да се зголемат платите на лекарите уште 40 отсто во следниот четиригодишен мандат.

-Мораме да продолжиме да инвестираме, посебно во здравството, полицијата, пожарникарските служби, во сите оние кои се први во реакцијата во ситуација на кризи и од чија спремност зависи доброто на граѓаните и на целото општество. Тука во Куманово, вложивме во Ургентер центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат, додаде тој.

Истакна дека на докажаните херои во здравството на 15 јули ќе им биде доверена довербата за сигурно здравје или „на неодговорни политичари истурена рака на Груевски, како Мицкоски и соработниците кои блокираат проекти за пари од Светска банка за вложувања во здравството“. ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој е опасност, СДСМ е сигурност,  да излеземе на гласање на 15 јули и да гласаме за број 3“.

-Сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза. Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати.

Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата. Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите, рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.

Back to top button
Close