Спасовски побарал од Демерџиев детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал од својот бугарски колега Иван Демерџиев детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, велат од МВР.

Двајцата колеги разговарале и за најавената донација од Дерменџиев на генератори за струја, за што од МВР дека се подготвува договор за да може да се направи примопредавање.

„Министерот Спасовски оствари комуникација со неговиот бугарски колега, во врска со планираната донација и утврдување термин за нејзино примопредавање. Притоа, министерот Спасовски побара детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград и доби уверување од бугарскиот министер дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот. Во однос на донацијата, службите задолжени за меѓународна соработка од министерствата на двете земји ги преземаат сите потребни активности за подготовка на договор за донација, врз основа на кој ќе се изврши примопредавањето на донацијата“,велат од МВР.

За градоначалникот на Благоевград политичарите во Скопје со антибугарската политика се виновни за каменување на клубот „Никола Вапцаров“

Демерџиев, кој ја предводеше бугарската делегација на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, во изјава за медиумите рече дека Бугарија ќе донира генератори за струја откако бугарски државјани беа задржани на граничниот премин поради пад на системот на „Деве Баир“.

„Задоволен сум од организацијата на настанот и чест ми е што сум тука со бугарската делегација за да му оддадам почит на великанот Гоце Делчев. Двете земји треба да се насочат кон решавање на други проблеми, а не на настан од ваков формат. Се надевам дека на сите бугарски државјани кои тргнаа кон Скопје ќе им биде овозможено да дојдат во црквата ’Свети Спас‘. Има извештаи дека некои бугарски државјани се спречени да влезат на територијата на Северна Македонија. Немам точни информации колку Бугари се спречени. Добив информација дека снемало струја. За да нема слични проблеми во иднина, в понеделник ќе донираме генератори на трите пункта на ПКМ“изјави Демерџиев во саботата.

Back to top button
Close