Според дипломати, ЕУ е подготвена за разговори со Лондон и по 1 јануари
Европската унија е подготвена да преговара со Велика Британија и по крајот на преодниот рок на крајот на годината, изјавија дипломатски извори за западни медиуми, откако европскиот преговарач Мишел Барние ги информираше претставниците на блокот за преговорите со Лондон.
„Постигнат е напредок. Повеќето прашања се затворени однапред или близу до договор. Сепак, разликите за риболовот и понатаму е тешко да се надминат“, изјави европски дипломат.
Дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека преговарачите на ЕУ се „во последен обид“ да постигнат договор.
Но, „ЕУ нема да ги затвори вратите кон Велика Британија и останува подготвена да преговара по 1 јануари“, кога ќе заврши преодниот рок, ддоаде тој.