Средба Маричиќ – Жбогар: ЕУ ќе биде вклучена во сите реформи во правосудството
– Отворањето на Поглавјето 23 беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која Маричиќ потенцираше дека неговата главна мисија во Министерството за правда е градење на независно и непристрасно правосудство.
Тој ја презентираше својата стратегија и агендата на Министерството за правда и потенцираше дека во сите реформи во областа правда ќе бара поддршка и соработка од страна на Европската Унија.
Министерот Маричиќ, информираат од неговиот кабинет, истакна дека очекувањата на јавноста за зајакнување на одговорноста и транспарентноста, како и подинамично постапување на обвинителството и судството е приоритет кој смета дека е најголем предизвик за исполнување од својата агенда. вј/лв/