Средба на Ахмети со косовскиот амбасадор Дедај

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Република Косово, г-дин Ѓeрѓ Дедај.

Претседателот на ДУИ, г-динот Али Ахмети на состанокот со амбасадорот на Република Косово, г-дин Ѓерѓ Дедај, разговараа и за текот на преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и со оваа за новата Влада. Ахмети рече дека во оваа гарнитура на владата, Албанците од Северна Македонија се факторизирани уште повеќе.

Ахмети му честиташе на Дедај за договорот постигнат во Вашингтон меѓу Република Косово и Србија. Ахмети го опиша овој договор како добар и во корист на косовските Албанци, бидејќи тој претставува чекор кон конечниот договор, меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија.

Претседателот Ахмети исто така го извести г-динот Дедај дека проблемот со граѓаните на Косово кои транзитираат низ Северна Македонија или ги користат аеродромите во Скопје и Охрид за да се вратат во нивните матични земји ќе биде надминат многу краток период.

Кабинет на Претседателот на ДУИ

.

Back to top button
Close