Средба на министерот Маричиќ со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

 Во Министерството за правда денеска се одржа средба меѓу министерот за правда Бојан Маричиќ и амбасадорот на Кралството Холандија во земјава Дирк Јан Коп.

Од Министерството информираат дека во фокусот на денешната средба беше реформската агенда на Министерството за правда и заедничките проекти за европеизација, зајакнување на системот на владеење на правото и заштитата на човековите права.

Министерот Маричиќ истакнал дека Министерството за правда активно се подготвува за почеток на преговорите и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права, а дека Холандија е важен партнер и поддржувач на европеизацијата на Северна Македонија.

Back to top button
Close