Стојановски открива кому и колку пари должи Пливачката федерација

 

Од минатиот Охридски маратон кога претседател на Пливачката федерација беше Александар Маленко имаме многу неплатени долгови кои ни се префрлени нам. Ова во изјава за порталот МКД го вели актуелниот претседател на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, кој вчера му соопшти на претседателот Стево Пендаровски оти оваа година нема да се одржи Охридскиот маратон поради блокираната сметка.

Тој вели дека сметката на Федерацијата е блокирана поради долг од 100.000 евра.

– Имаме неплатена фактура од околу два милиони денари од хотелот Метропол Охрид каде што беа сместени пливачите и раководството. Имаме неплатен долг за Ковид тестови кој изнесува околу 65.000 денари, тоа е побарување од Центарот за јавно здравје. Имаме побарување за долг од печатницата каде што се печателе маици, таа фактура е во износ од околу 100.000 денари. Имаме долг кон ФИНА од 5.000 долари за неиспалтени награди на пливачите – вели Стојановски.

Тоа што е блокирана сметката не е ништо ново, додава тој, бидејќи, како што појаснува, таа е блокирана веќе десетина години, се работи за сума од 100.000 евра.

– Проблемот се пренесува од едно на друго раководство, но еден ден мора да се реши. Се надевам дека државата ќе го спаси пливањето. Со Томи Стефановски го даваме максимумот за да го вратиме вистинскиот сајај на овој спорт. Од институциите ќе зависи дали ќе се одржи маратонот, не е сѐ загубено, јас не сакам мене да ми остане оваа дамка, кога сум јас претседател да се прекине една ваква традиција која трае со децении – изјави Стојановски.

Back to top button
Close