Стоилковски: Дали пласираните фалсификувани документи од СДС се дело на Асаф Исеин?
Асаф Исеин е дел од израелска група предводена од Тал Ханан за пласирање на лажни вести, црна кампања и за одлагање на избори или намалување на излезност, преку фалсификување документи и оценување на лица и агенции преку медиуми, пишува во извештајот од истрагата на најголемата меѓународна новинарска истражувачка група OCCRP, којашто тајно успеала да договори состанок и да ја снима групата што се’ таа нуди.
Британскиот Гардијан ги опишува како манипулатори кои се служат со хакирање, саботирање и дезинформации на социјални медиуми, преку посебен систем којшто содржи илјадници лажни профили, меил адреси, но и сметки за трговија на интернет, сметки со биткоини, сметки за плаќање сместување ширум светот.
Во Велика Британија се опишани како тим кој нуди мешање во избори, работеле во над 30 држави ширум светот, а работат и за корпорации за уништување на конкуренти.
Меѓународниот тим новинари во кои се и медиуми како Le Monde, Der Spiegel и El País, пишуваат и за нивно замешателство во изборни оцрнувања на политичари во Србија, за одлагање на избори во Чад, уништување на бизнисмен во Монголија, но и дека за Тал Ханан, лидерот на групата на Асаф Исеин, е отворена е истрага во Швајцарија заради фалсификувани извештаи за банкарски податоци.