Стратешки е добро да имаме набљудувачи во случаите на висока корупција, рече Маричиќ за најавениот ЕУ мониторинг на судски предмети

 Стратешки е добро и за правосудството и за државата и системот воопшто да имаме еден фокус на набљудувачи коишто ќе имаат увид во тоа дали се постапува согласно законите и дали се постапува правично и врз основа на принципите на фер постапка во случаите на висока корупција, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за најавниот ЕУ мониторинг на судски случаи од висока корупција.

Ова е проект подржан од ЕУ којшто го спроведува мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија и изборот на случаи, посочи Маричиќ, и одговорот за тоа кога би почнал и како би течело треба да го дадат тие.

– Селекцијата на случаи ја прават мисијата на ОБСЕ и ЕУ. Она што јас го знам е дека сигурно таму би влегле случаите на висока корупција, а тоа се сите случаи каде што има на некој начин вмешано високи функционери, политичари или кој било којшто врши јавна функција, изјави Маричиќ.

Прашан дали во мониторингот ќе влезат и  настаните во Куманово од 2015 година, Маричиќ рече, дека доколку има потреба нема причина да не влезе доколку влегува во тие критериуми.

– Конкретно ќе треба да одговори спроведувачот на овој проект. Меѓутоа, пак ќе кажам, принципиелно сите оние случаи кои потпаѓаат под случаи на висока корупција или случаи за коишто јавноста има интерес треба да влезат во овој дел, изјави Марчиќ.

Back to top button
Close