Судски совет: Судијата Бурим Сејдини повторно избран за претседател на Управен суд

Судијата Бурим Сејдини на денешната седница на Судскиот совет повторно е избран за претседател на Управен суд, функција што ја извршуваше и во претходниот период од 2017 до 2021 гпдина. Инаку, на конечната листа за избор имало пет кандидати за оваа функција.

 

„При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите што ги има постигнато“, пишува во соопштението од Судски совет.

На седницата Судскиот совет определил и вршители на должноста претседател во неколку основни судови – Куманово, Ресен и Тетово, кои исто така и досега биле на челните функции.

„Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели“, велат од Судскиот совет.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, објавени се огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

Back to top button
Close