СВР-Штип во рок од два дена одзеде 754 парчиња пиротехнички средства
Полицијата синоќа во дом на светиниколчанец пронашла и одзела 150 парчиња пиротехнички средства со што во рок од два дена запленети се 754 парчиња.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека синоќа во 20:50 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминални работи Свети Николе го лишиле од слобода 49-годишниот Т.Г од Свети Николе, поради основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
-При претрес во неговиот дом во Свети Николе, биле пронајдени и одземени 150 парчиња различни пиротехнички средства. По комплетирање на случајот, против Т.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Пред два дена, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Кочани при претрес кај 56-годишениот З.Р пронајдоа 604 парчиња пиротехнички средства.