СЗО ќе расправа за новиот вид на коронавирус
Светската здравствена организација (СЗО) ќе одржи утре состанок, на кој ќе бидат разгледани стратегиите за сузбивање на новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија.
– Ограничувањето на патувањата како дел од борба против ширењето на вирусот е мудро, се додека немаме повеќе информации, напиша на Твитер регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге, повикувајќи на зајакнати превентивни мерки.
СЗО оцени дека станува збор за нормална етапа од развојот на пандемијата и ја пофали Велика Британија поради детектирање на новиот вид.
Организацијата на ОН вчера соопшти дека новиот вид на коронавирус, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“.