Тафталиџе без вода, пукнала цевка спроти Млечен

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на ул. Теодосиј Гологанов, односно на раскрсницата со ул. Анкарска.

Имајќи ја предвид големината на дефектот, со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис, Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле.

„Нашите екипи со потребната механизација работат на што побрзо oтстранување на
дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за деликатен дефект, на
поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато“,информираат од скопски Водовод.

Back to top button
Close