Тепачка во Кичево – албански државјани фрлале со камења кон гостилница
Во полициската станица Кичево во пет минути по полноќ на 7 септември билa пријавена тепачка пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито“.
Според пријавата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу кичевците М.П.(19) и Г.И.(22), од една страна и албанските државјани M.K.(26) и A.K.(28), од друга.
Било пријавено и дека лицата од Албанија фрлале со предмети и кон другите гости во објектот.
Тие биле приведени во полициска станица за расчистување на случајот.