Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

На подрачјето на град Скопје ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци,  од понеделник (21 јули)  до четврток (24 јули), од 22 часот до 03 часот следниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.  Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информира прес-службата на Град Скопје.

Back to top button
Close