Тихановскаја: Лукашенко веќе нема легитимитет да ја претставува Белорусија
– Демократски избраната белоруска Влада нема да смета дека е валиден ниту еден иден меѓународен договор склучен од белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави лидерката на опозицијата Свјатлана Тихановскаја во своето обраќање од егзил во Литванија.
-Државите или (договорните) страни … не можат и не треба да очекуваат Белорусите и нивната чесно и демократски избрана влада да прифатат договори направени против нивна волја од нелегалниот режим, рече Тихановскаја во видео обраќање.
„Лукашенко нема легитимитет да биде претседател на нашата земја. Тој повеќе не ја претставува Белорусија”, рече таа пред комитетот на Советот на Европа во обраќањето од Вилнус, Литванија, каде се наоѓа откако ден по изборите ја напушти татковината поради закани за сопствениот живот.
Литванскиот министер за надворешни работи вчера изрази загриженост дека Лукашенко може да се откаже од независноста на Белорусија со потпишување договор за посилна интеграција со Русија.
Лукашенко се соочува со масовни протести и повик за повлекување по изборите што Европската унија ги нарече нефер. сд/