Трамп: Нема да го потпишам законот за помош, потребни се повеќе пари
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека нема да го потпише предлог-законот за помош вреден 892 милијарди долари, кој вклучува обезбедување помош за граѓаните на САД во услови на корона-кризата.
Трамп смета дека законот треба да се промени со цел да се зголеми износот на стимулации.
– Законот што сега планираат да го вратат на мојата маса е многу поразличен отколку што се очекуваше. Тоа е навистина срамота, рече Трамп во видео пораката објавена на Твитер.
Трамп побара од Конгресот да го зголеми износот на стимулации до 2.000 долари за физички лица и 4.000 долари за двојки, наместо „смешно ниските“ 600 американски долари за поединци, како што е наведено во предлог-законот.
Трамп се пожали и на парите обезбедени за странски држави, институцијата Смитсонијан, која е група музеи и истражувачки центри под американска администрација, како и за одгледување риби.
– Исто така, барам од Конгресот веднаш да се ослободи од расипничките и непотребните делови од овој закон и да ми испрати соодветен закон, или пакет мерки за помош на Ковид-19 ќе треба да се донесе за време на следната администрација. И можеби таа администрација ќе бидам јас, рече, кој сè уште инсистира дека победил на изборите во ноември.
Трамп, кој ќе се повлече од функцијата претседател на 20 јануари кога ќе положи заклетвата новоизбраниот претседател Џо Бајден, не го употреби зборот „вето“ на своето обраќање.
Американскиот Конгрес усвои масивен закон на крајот на годината што вклучува близу 900 милијарди долари пакет за помош заради коронавирусот како и 1,4 трилиони годишно владино финансирање.
Предлог-законот може да се смени доколку лидерите на Конгресот сакаат да го сторат тоа. Ако не сакаат, останува Трамп да го потпише предлог-законот, да стави вето или да не преземе ништо и да остави тој да стане закон.
Легислативата доаѓа по недели преговарање меѓу демократите и републиканците кои имаа различни гледишта за потребната владина помош заради коронавирусот и за тоа колку пари треба да има на работи како бенефиции заради невработеност или држење на економијата отворена.