Три прифатени и една одбиена кандидатура за лидер на СДСМ

Славјанка Петровска од СДСМ, денеска на прес-конференција потврди дека три кандидатури за претседател на СДСМ се прифатени, а една е одбиена поради неосполнување на правилата и условите кои биле распишани.

-Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, рече Петровска.

Back to top button
Close