Триесет и четири жртви по превртувањето на туристички брод во Виетнам (ДПЛ)

Триесет и четири лица загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции.

На бродот имало 53 лица – пет членови на екипажот и 48 патници. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг.

Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. Се трага по преостанатите патници. Меѓу нив имало вкупно 20 деца.

Заливот Ха Лонг е популарна туристичка дестинација во Виетнам.

Back to top button
Close