Тупанчески: Судовите не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат

Судовите не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат, истакна министерот за правда Никола Тупанчески на седмата Охридска школа на природно право.

Во своето обраќање на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции”, Тупанчески рече дека  Министерството за правда се залага колку што е можно повеќе да создаде услови за зајакнување на  институциите кои треба да го овозможат развојот на демократското општество.  Во таа насока поддржано е формирањето на Судско-медиумскиот совет, кој е составен од претставници од судството и од медиумите со цел да се  зајакне довербата меѓу овие две фели и да се овозможи правилно и објективно информирање за судските процеси од интерес на јавноста, без при тоа да се нарушуваат основните човекови права на учесниците во постапките.

Министерството за правда, како што посочи, активно работи и на зголемување на транспарентноста на судовите како еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите.

Според Тупанчевски, судовите како државни органи не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат. Со тоа, како што додаде, ќе се зајакне довербата на граѓаните во власта а девијантните однесувања ќе се санкционираат.

начаен сегмент за развојот на институциите е нивната дигитализација. Планот за дигитализација на правосудството, Министертсвото за правда го реализира успешно. Тоа ќе овозможи побрза правда, намалување на корупцијата, намалување на трошоците во судските постапки, странките ќе заштедат на време, ќе има помал број на одложени судења. Целосната дигитализација очекуваме да се реализира во 186 судници во 34 судови, што ќе придонесе кон зајакнување на довербата на јавноста и заштита на системот, потенцира Тупанчески. 

Back to top button
Close