Уапсен 51-годишен тетовец поради оружје и муниција
– Полициски службеници од Тетово вчера го лишиле од слобода Љ.П.(51) од с. Непроштено, откако во неговиот дом пронашле оружје и муниција.
Како што информираат од МВР, вчера во 16.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П. кај кого, врз основа на судска наредба од тетовскиот Основен суд, во времето од 12 до 16.45 часот, биле извршени претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост.
– При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушна пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети, соопштуваат од полицијата.
По документирање на случајот, против Љ.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.