Уапсени четири лица од Скопје, фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата Бутел

На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.

Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close