Убиена 60-годишна жена во Гостивар, осомничен нејзиниот сопруг
– Во Гостивар е убиена 60-годишна жена, а осомничен е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого подолго време имала нарушени односи.
Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Осомничениот во моментот е недостапен за органите на прогонот.
Случајот е пријавен утринава околу 7 часот од страна на синот на жртвата.
Од Јавното обвинителство соопштија дека обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар заедно со крим техника извршил увид на местото на убиството.
Издадена се наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, како и наредба за обдукција на телото на починатата.