Утре ќе се знае дали на „казино-лабораторијата“ ќе и биде одземена лиценцата за работа

Лабораторијата „Ели Медика Плус“ се соочува со можност да и биде одземена лиценцата за работа, откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и издаде забрана за вршење на здравствена дејност. Тие работеле спротивно на прописите за здравствена заштита односно вршеле тестирање надвор од сопствените лиценцирани простории, објави ТВ 24.

Актуелниот министерот за здравство Венко Филипче најавува дека документација од инспекторатот ќе биде разгледана утре и дека „доколку има било каква отстапка, лиценцата ќе биде одземена“.

kazino-gevgelija

Од инспекторатот за ТВ24 изјавиле дека лабораторијата работи вон добиената дозвола, посочувајќи дека не само шт работи диво, туку врши тестирања надвор од нивните простории, во казино во Дојран. Велат дека  не е првпат оваа лабораторија да работи надвор од законските прописи  и да добие забрана за работа.

Од инспекторатот пред 3 дена направиле вонреден надзор и затекнале импровизиран пункт за ковид тестови.

„По завршување на надзорите ДЗСИ донесе решение за забрана на ДОО Кинг Еуропе за изнајмување на простор за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита и употреба на објект без претходна согласност или одобрение од министерството за здравство. За Ели Медика Плус е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита и за употреба на објект без претходна согласност од ресорното министерство“, велат од ДЗСИ за телевизијата.

Од ТВ 24 побарале став од лабораторијата, но оттаму во кус телефонски разговор им кажале за сите информации да им се обратат од утре.

Инаку, МВР веќе извршиле претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран, а целокупната одземена документација е испратена до Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Back to top button
Close