Утре ќе замрзне цената на оризот и јајцата. Извозот на јајца ќе биде ограничен оти кај нас се нај евтини

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе бодат замрзнати цените на оризот и јајцата.

Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има намалување на цените на овие производи.

-Очекуваме цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

За тоа дали може да се случи земјата да се соочи со поголем извоз на јајца во пресрет на велигденските празници, Бектеши беше дециден дека иако во регионот Македонија има најевтини јајца сепак се многу внимателни како Министерство  а дома недостаток на овие производи за Велигден и Бајрам никако нема да има.

Тој рече и дека не се планира ниту воведување на забрани за извоз на јајцата.

„Моментално има побарувачка на јајца од другите држави и се зголемува извозот од Македонија кон другите држави. Побарувачката од другите држави се зголемува кон нашите производители со поголеми цени од постоечките кај нас што значи дека во случај да донесеме забрана за извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на Цефта во регионот и на договорите што ги имаме со ЕУ од каде може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција да се носи“,додаде тој.

Во однос на најавите за замрзнување на цените на шеќерот и на брашното Бектеши рече дека засега нема да се носат мерки за овие производи.

„Согласно сите податоци од Царинската управа во делот на увозните цени и цените кои се произведуваат има тренд на намалување на цените и затоа таму нема да се преземат никакви мерки и очекуваме во наредните денови цените уште повеќе да се намалуваат. Во случај тоа да не направи од страна ан трговците кон крајот на оваа недела или почетокот на наредната недела ќе следат мерки и за овие производи“,рече тој.

Министерот рече дека за цените на овошјето и зеленчукот не можат да носат одлука без податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство.

„Ние како Министерство за економија, бидејќи е специфично како се работат овошјето и зеленчукот немаме многу голем инпут за да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство тогаш добедојдени се нивните податоци и препораки“ додаде тој.

Back to top button
Close