Утре протест пред Кривичен за поддршка на Филип кој прави масло од канабис за да се лекува

Филип Достовски кој произведува масло од канабис ги повика граѓаните на собир пред Кривичниот суд, каде утре треба да се донесе пресуда за неговиот предмет.

Тој е основач на движењето „Зелена алтернатива“ и поборник за лековитите својства на канабисот од кој произведува масло.

-Во четврток, 24 септември, во 13 часот треба да ја добијам пресудата за она на “М”. Основно човеково право на секој е да се бори за своето и за здравјето на останатите, отакако знам за себе животот го посветив на едукација за сите полезни својства на канабисот. Битката која ја водам не е само за мене и мојата слобода туку за декриминализација на ова растение кое лекува голем број на дијагнози a неговата примена во превенција на речиси сите болести е научно докажана. Бројните семинари, учество на светски конференции ми помогна да ги помрднам нештата напред.Се надевам дека ќе ја добијам поддршката од сите на кои маслото им помогна, од сите кои веруваат дека може да им помогне, од сите кои марихуаната ја употребуваат рекреативно и знаат дека не станува збор за никаква дрога или зависност. ЧЕТВРТОК 12:30 ЧАСОТ ПРЕД КРИВИЧЕН СУД- напиша Достовски на фејсбук.

Пред четири години полицијата во неговиот дом пронајде див коноп кој според Достовски бил многу добар за епилепсија.

Првото рочиште против Достовски започна во 2018 година, кога граѓаните протестираа пред Кривичниот суд како поддршка за него и декриминализацијата на канабисот.

Back to top button
Close