Вашингтон тајмс: Американската Влада потрошила 500 илјади долари за промовирање атеизам во Непал

Стејт департментот потрошил околу 500.000 долари – пари на американските даночни обврзници – на организации и програми што не се во согласност со главните американски верувања, се вели во најновиот извештај на Комитетот за надворешни работи на Конгресот.

Како што е соопштено, Стејт департментот ги искористил парите, меѓу другото, за да и помогне на британска хуманистичка организација што промовира атеизам во Непал, програма што им помага на бремените мигранти во САД да абортираат и едукативна програма за правата на ЛГБТК заедницата за децата во Лаос, објави весникот Вашингтон Тајмс.

Претседателот на Конгресниот комитет Брајан Маст рече дека администрацијата на Бајден-Харис си поигрувала со фондовите за странска помош во текот на својот мандат.

Маст, исто така, ги доведе во прашање и други одлуки за помош, како што е распределба на 14,9 милиони долари за програма за ткаење теписи во Авганистан или 75 милиони долари за обука на авганистански жени во земјоделие.

Back to top button
Close