(ВИДЕО) 360° Интервју со Мемети: Граѓаните ни веруваат, има раст на претставки за заштита од дискриминација

Омбудсманот отвора постапки за дискриминација, но не е ефикасен, оценува невладината Мрежа за заштита од дискриминација. Иџет Мемети, пак, вели дека во отсуство на комисија за заштита од дискриминација, прави сѐ што може.

„Република Северна Македонија и ден денеска нема тело за заштита од дискриминација. Народниот правобранител во целиот негов мандат има само еден сегмент. Ние не сме имале комисија која го надгледува приватниот сектор. Народниот правобранител го надгледува само јавниот сектор. И тоа во процесот на спроведување на темелната вредност – соодветна и правична застапеност и недискриминација и делот на недискриминација. За пофалба е дека граѓаните веруваат на институцијата кога годишно оваа институција секоја година има раст на број на претставки за заштита од дискриминација. Лани сме имале 54 случаи, каде во 24 сме констатирале повреда и сме подготвиле посебни информации кои сме ги доставиле до надлежните. И за оваа година сме третирале 54 претставки. Воглавно биле дискриминација во сферата на работните односи. Во нив сме констатирале 10 случаи на дискриминација, од кои во 4 случаи сме успеале да ја санираме повредата, во 10 не сме успеале. За тоа што не успева народниот правобранител подготвува посебни извештаи кои ги доставува до органите а од друга страна во Годишниот извештај го прикажуваме тоа дека не сме успеале“,

вели Мемети.

Запрашан за тоа зошто не се користи законската можност за покренување прекршочни постапки, Мемети вели дека додека тој е народен правобранител нема да ја користи бидејќи како што вели, тоа не е својство на народниот правобранител, туку замајаување на јавноста.

„Не може да додаде на ефикасност. Од причина што преставките или пријавите што јас би ги пријавил во суд за да донесе одлука со глоба да казнува одреден функционер кој не успеал или не ја почитувал препораката ќе има негативен ефект во јавноста и по однос на граѓанинот и по однос на институцијата. Тешко дека можеш да најдеш институција народен правобранител која делува со присилен инструментариум, да казнува“,

вели Мемети.

Целото интервју погледнете го од видеото на „360 Степени“.

Дополнето:

По интервјуто за „360 степени“, деманти за Иџет Мемети

Back to top button
Close