ВИДЕО | Ангеловски: Mобилните камери на МВР спречуваат можност казната за брзо возење да се „скине“
Викендов имаме 1069 санкции за брзо возење, а во текот на вчерашниот ден дополнителни 793 казни, така што може да збориме за над 1800 санкции за време на продолжениот викенд, изјави во Утрински брифинг, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.
Целта е ставање на ред во сообраќајот и намалување на бројката на жртви во сообраќајни незгоди. Минатата година беше година со најмал број жртви, нашата цел за оваа година е да имаме уште помал број на жртви и конечно да стигнеме до европскиот просек од највеќе 100 жртви, додава Ангеловски.
Фрапантен е податокот од 1800 санкции, но уште пофрапантен е податокот што голем дел од овие санкции се за возење од дури над 70 км/ч над дозволеното, вели Ангеловски.
Нема никаква можност да се „скине казна“. Дополнително воведовме, благодарејќи на амбасадатата на САД, мобилни камери кои што ги носат полициските службеници во сообраќајната полиција и целот разговор со вас се снима. Тој оди во базата на МВР и тој стои документиран, изјави Ангеловски.
Целиот разговор погледнете го во видеото: