Видео: Астеруд- Не бев приведена оти не сум сакала да дадам потврда за вакцинација. Ќе пријавам па ке ја кажам вистината

Професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова-Астеруд вчера наутро била приведена на скопскиот аерродром. Според билтенот на МВР:

-Во 02:30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. И бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, стои во билтенот.

Проферката Ристова-Астеруд попладнево преку Фејсбук статус потврди дека била приведена, но вели дека инцидентот започнал поради незјин обид да пријави сомнителна торба.

-Точно е дека имаше голем и сериозен  инцидент, како  и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму  цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа  за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”).
Ударно, сакам да и соопштам на јавноста  дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и  торба која  е оставена сама) во  делот на превземање на багажот од страна на патниците, објаснува професорката.

Таа вели дека обвинувањата што се на нејзина сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција.

-За деталите ќе ја информирам јавноста откога ќе го завршам делот со формалното пријавување на случајот во внатрешната контрола на МВР ( уште не сум заради неодложни професионални обврски), а во однос на која имам верба дека целосно и докрај ќе го расчисти случајот, а во меѓувреме ќе се консултирам за другите чекори за моја правна заштита од серија повреди на моите права и слободи, вели Ристова-Астеруд.

Back to top button
Close