(ВИДЕО) Автомобил прегази 30 луѓе во Лос Анџелес, возачот нападнат од толпата и застрелан
Седум лица се водат како критични, а уште шест други како пациенти во сериозна состојба. Тоа е досегашниот епилог откако автомобил се заби во поголема група луѓе кои чекале пред диско-клуб во Лос Анџелес, САД. Инцидентот се случил околу 2 часот по локално време, а најголем дел од повредените се жени.

Од полицискиот оддел на Лос Анџелес (ЛАПД), пренесува Би-би-си, изјавиле дека кога пристигнале наишле на група луѓе кои го тепале возачот, надвор од возилото „нисан верса“. Еден од напаѓачите дури и пукал во возачот.
Дел од сцените од нападот над возачот, како и справувањето на итните служби со последиците, може да ги видите на видеото подолу.
Возачот бил пренесен во болница, за операција. Неговата состојба, засега, јавно не е позната.
Според полицијата и сведоците, возилото минало низ тезга за тако, паркомат и потоа удрило во луѓето. Собрани биле за реге/хип-хоп настан кој се одржувал во дискотеката. Дел од американските медиуми пренесуваат дека возачот бил пијан или под дејство на други супстанции.
Извор: 360stepeni.mk