(Видео)Царовска: За образовната реформа се потребни 20 милиони евра, ќе помогнат и од надвор

Ако некој мисли дека може да предложи суштинска реформа која прави тектонски поместувања на одреден систем и таа да биде дочекана без реакција тоа значи дека реформата не предвидува ништо суштинско. Но секако, најголем дека од јавноста ја поддржува, особено наставниците и тоа се гледа во дневната комуникација со нив, особено со експертите по педагогија и психологија, кои велат ова не е ништо ново, бидејќи интеграција на предмети имаме до шесто одделение и денеска. Со концептот преку изборните предмети секој ученик ќе може да се профилира или да добие можност да си го креира образованието. 12 години со сите меѓународни организации се работи на истражувања и добивања сознанија на кој начин треба да се реформира нашиот систем. Ова произлезе од сите анализи кои препорачуваат како треба да изгледа образовниот систем во нашата држава, изјави во Утрински брифинг министерката за образование, Мила Царовска и додава дека е нормално секоја промена да носи страв, и смета дека без проблем ќе се имплементира.

-Концепцијата за образование произлегува како дел од сите стратешки документи за образование, но и во Законот кој предвидува носење на концепција. Од таа концепција значат нови наставни програми и материја. Тоа е процес. Ништо не започнува од денеска, ова е продолжување на целиот процес за реформирање на образовниот систем за кој што се бориме многу години. Важно е дека државата и образовниот систем се менуваат кон подобро, вели Царовска.

-Мора да истакнам дека многу академски професори кои се во областа на педагогијата се со нас и веруваат дека конечно е дојдено времето да се направи исчекор во нашето основно образование, понатаму средно и тие ќе бидат дел од процесите на пишување на наставните програми. Секако дека историчари, географичари, биолози, хемичари ќе ги пишуваат наставните програми заедно со Бирото за развој на образованието, изјави Царовска.

-Владата континуирано го зголемува буџетот за министерството, но морам да истакнам дека сите меѓународни партнери вложуваат во образованието и главно стојат со финасиска поддршка. Така што грижа дали ќе има финансии да се спроведе реформата не треба да има. Она што до сега можам да го кажам е дека можеби за 4-5 години ни се потребни дополнителни инвестиции од 20 милиони евра кои ќе дојдат и како поддршка од надвор, вели Царовска.

-Ако направите добри наставни програми кои предизвикуваат дискусија и методите на работа бидат учење преку искства, истражувања, на тој начин природно го поттикнувате детето да размислува. Затоа тука нема дилема дека на овој начин полека се трансформира системот. Оваа концепција ќе ги повика систе наставници по одреден предмет каде има интеграција на повеќе научни дисциплини заедно да ја планираат неделата, часот. Колективот мора да живее заедно, зошто поинаку значи само техничко образование кое не може да се примени понатаму во животот, вели Царовска и додава дека наставниците кои се срцето на образовниот систем сега е важно дека добиваат право на кариерен развој.

-Учебниците се само една алатка за учење. Кога ќе почнат наставните програми да се пишуваат дури тогаш ќе треба да се отвори суштинска дебата што треба да се знае по биологија, физика… но мора да повторам учебникот нема да биде основно средство за работа, тоа ќе биде само материјал во кој што вие повторувате одредено знаење кое треба да го стекнете. Треба да се истражува, чита, насочени и кон друга литература која ќе ви го збогати образованието, рече Царовска и додава дека совршен систем многу скоро нема да има, но потребно е да почне да се гради.

-Во овој процес секој треба да го искаже своето мислење и став. Се она што е издржано ќе се прифати. Важно е дека педагозите и психолозите креираат концепти на учење. Сега сме во фаза на на концепција, додаде министерката.

Говорејќи за политизацијата на целиот реформски процес и шансите да се излезе со консензус за овие прашања Царовска смета дека опозицијата не е конструктивна во целиот овој период.

-Јас немам дилема дека сите разумни кои што не сакаат да го партизираат ова прашање или со политиканство да решаваат предизвици во образованието се на страна на оваа реформа. Срамно и жално е што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ праќа политички писма во школите, вели Царовска.

Целиот разговор со министерката за образование Мила Царовска погледнете го во видеото:

Back to top button
Close