(ВИДЕО) Две мали деца се борат за живот: Повредени над 30 луѓе, маж со мачета во рацете предизвика терор во Германија

Во два одвоени пожари во западниот германски град Есен вчера биле повредени 31 лице, меѓу кои и две мали деца кои се во критична состојба поради вдишување чад, соопштија локалните власти.

Хоророт започнал вчера попладне околу 17 часот и 10 минути, пренесува Билд.

Полицијата соопштила дека во врска со пожарите е уапсен 41-годишен Сириец од Есен. Човекот е поврзан и со инцидент со комбе кое удрило во две продавници, изјави портпаролот на полицијата. Во тој настан немало повредени, додаде тој.

Апсењето се случило во близина на продавниците. Полицијата соопшти дека не може да даде детали за осомничениот или неговите мотиви. Во две куќи на кратко растојание избувнале пожари што предизвикало опсежна реакција на итната помош, соопшти полицијата.

На повредените им е укажана лекарска помош, а некои се пренесени во болница, изјави портпаролот на полицијата. Меѓу осумте тешко повредени деца има и две мали деца чија состојба се уште е критична поради вдишување чад, соопштија пожарникарите.

Портпаролот на полицијата одбил да ги коментира информациите дека мажот некому се заканил со нож и мачета. Властите ги прегледуваат снимките што кружат на социјалните мрежи, додаде тој.

Back to top button
Close