(Видео) Тревога во воздухот: Патнички авион премногу блиску до „Air Force One“ на Трамп

Над Њујорк, патнички авион на „Спирит ерлајнс“ доби итни инструкции од контролата на летање да го промени курсот, откако се најде премногу блиску до претседателскиот авион „Air Force One“, со кој Доналд Трамп патуваше кон Велика Британија

Аудио-снимка објавена од Би-Би-Си открива како контролорите постојано му наредуваат на екипажот на Ербас А321 да сврти надесно и да одржува растојание. „Спирит 1300, свртете 20 степени надесно, веднаш! Внимавајте!“, се слуша на комуникацијата меѓу кулата и пилотите.

Во еден момент контролорот дури саркастично порача: „Оддалечи се од твојот iPad“, алудирајќи дека пилотот не внимавал доволно

Back to top button
Close