ВИДЕО: Жена краде огромна саксија пред кафe бар во Дебар Маало

Нов случај на кражба на украсно цвеќе фатена на камера е забележан во скопско Дебар Маало, а снимката покажува како една повозрасна жена со кратка коса, подига и носи голема саксија поставена пред „Радио бар“, тешка најмалку 20 килограми.

За само неколку месеци, ова е трет случај на слична кражба на саксии со цвеќе забележан на снимки од безбедносни камери, а во сите случаи, крадците беа жени. Во јули, жена беше снимена како краде саксија од тротоар пред охридско казино, а само неколку дена претходно, три жени беа снимени како корнат цвеќе од жардиниера поставена пред трговски објект во Кичево.

Back to top button
Close