Владата им препорача на банките да ги исплатат декемвриските пензии заклучно со 31 декември
Владата на вечерашната редовна 33-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за декември годинава, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до петок за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од понеделник.
Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник), за пензии од 11.001-14.000 денари на 29.12.2020 година (вторник), за пензии од 14.001-18.000 денари на 30.12.2020 година (среда), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).