Владата на седница ќе ја анализира актуелната состојба со коронавирусот

– Владата денеска преку видеоврска ќе ја одржи 63-тата редовна седница на која нејзините членови ќе разговараат за актуелната состојба, текот и прогресот на активностите во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата јавноста на прес-конференција ќе ја информираат премеирот Зоран Заев, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство Илир Хасани и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски.

Back to top button
Close