Владата обезбеди 38 милиони денари за реконструкција на градскиот Кеј во Охрид
Со средства обезбедени од Владата ќе се реконструира Кејот во Охрид. Станува збор за активности во рамки на охридската локална самоуправа, преку кои со средства во износ од 38 милиони денари доделени од Владата целосно ќе биде реконструиран Кејот на езерото, како еден од најпрепознатливите обележја на Охрид.
Од Секторот за урбанизам на Општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати површина во должина од 992 метри на крајбрежниот дел во градската зона.
Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бехатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи. Проектот за обнова на Кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот Кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик, а градот ќе добие јавни површини достојни за културен и туристички центар каков што е Охрид.