ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори предмет за случајот со набавката на софтверот од Рашковски

Според ВМРО-ДПМНЕ нелогично е зошто софтверот иако е купен во февруари со рок на испорака во јуни/јули лани и натаму не се употребува, кога за тоа според Рашковски се потребни само мали законски измени.

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повика Јавното обвинителство, државниот обвинтел Јоввески и шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска да отворат предмет за набавката на софтверот за МВР кој го набавил Драги Рашковски кога бил генерален секретар на Владата, а кој не се користи.

„За овој предмет се заинтересираа и тимот на Фајненшл Тајмс. За овој предмет се заинтересираа сите, само не ЈО на Љубомир Јовески и ЈО за Организиран Криминал на Вилма Русковска. Двајцата со молкот и неповедувањето на истрага заради тоа што Рашковски е близок на Заев, а Заев отфрли секаков сомнеж, прават тешка злоупотреба на службената положба и ја кршат дадената заклетва“,

рече портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.
Стоилковски рече дека наајверојатно ова се случува бидејќи премиерот Зоран Заев во изјавата вели дека во набавката нема ништо спорно.

„Фактите се следни: Драги Рашковски создал иновација систем од софтвер и хардвер токму како опишаниот од Заев, а е набавен софтвер кој што одговара на спецификацијата на измислениот од Драги Рашковски“,

рече Стоилковски и упати неколку прашања на кои рече дека одговорот треба да го даде ЈО.
„Ако го нарачале за МВР, зошто спецификациите кои што се дадени не одговараат со системот на МВР за ‘Сејф Сити ‘- безбеден град? Зошто не е направена набавка согласно спецификацијата на МВР, туку е набавено нешто кое што не се користи? Дали компанијата – добитник на тендер, основата само девет дена откако Рашковски иноваторот добива функција Ген- сек, не прашала за што и за која намена е софтверот, или добила целосна спецификација за работа? Дали тоа не води кон втора набавка наскоро – или на нов софтвер со потребните спецификации, или за комплетна набавка на нов систем со нови апарати – камери?“,

рече Стоилковски.
Дали овие факти не водат кон нова набавка, дали некој како Драги Рашковски од тоа нема да има економски бенефит, дали само Рашковски би имал економски бенефит, ете за тоа треба одговори и да каже ЈО.

Понатаму, Стоилковски се осврна и на изјавата на Драги Рашковски во која вели дека требало да се направат неколку мали законски измени за да може МВР да го користи софтверот кој што е набавен, и дека затоа тој не се употребува.

Според ВМРО-ДПМНЕ нелогично е зошто тие законски измени не се направени до сега, ако тендерот е распишан во ноември 2019, софтверот е платен февруари, 2020, со рок на испорака јуни/јули 2020.

„Кога го нарачувале, знаеле што е потребно, значи најмалку осум месеци имале пред да стигне софтверот, а од тогаш до сега уште осум месеци за ваквите законски измени за кои што софтверот според Драги Рашковски стои неупотребуван во МВР година и пол? Имаа време за менување на Изборен Законик без опозиција во 5 минути пред избори, а за ова немале?“, рече Стоилковски.
360 степени“ објави дека уште во февруари лани Генералниот секретаријат со кого тогаш раководеше Драги Рашковски купил софтверот за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни за сообраќајни прекршоци, за кој МВР рече дека не знае дека е купен и не планира да ја користи.

Back to top button
Close