ВМРО-ДПМНЕ: И покрај кривичните пријави, не можеше да се најде ништо спорно кај Мицкоски

Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС. Ова го потенцираат од најголемата опозициска партија во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.
СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на Претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.
Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.
Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а се друго преставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека, за разлика од СДСМ, тие јасно кажувале дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка.

Back to top button
Close