ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да отвори истраги против Заеви, ако сака да биде сериозно сфатен

ВМРО-ДПМНЕ реагира на интервјуто на мандатарот за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, објавено денеска во МИА. Опозицијата го обвинува Ковачевски дека ги повторува истите ветувања кои лажно ги давал и Зоран Заев.

„Единствена улога на Ковачевски е да го штити криминалот на Заеви. Доколку Ковачевски сака некој воопшто да му верува ќе отвори истрага против Зоран и Вице Заев за обвинувањата дека кај нив завршиле парите од рекет. Ќе покрене иницијатива кој и зошто го избришал името на Вице од пријава за рекет во РЕК Битола. Доколку Ковачевски навистина сака да му верува некој ќе го повика Трајче Заев на распит за шверцот со дрога во кој беше фатен неговиот шофер. Доколку Ковачевски сака да биде сериозно сфатен, уште во првите 100 дена треба да има истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви. Доколку тоа не го направи тој ќе се покаже јавно дека е нивен заштитник. Во однос на енергетската и еконкмската криза, Ковачевски е еден од причинителите на истата. Тој како заменик министер за финансии учествуваше во лошите економски политики кои доведоа до инфлација“,се влеи во соопштениетo 

Back to top button
Close