ВМРО-ДПМНЕ: Милошоски е цел на прогон зашто отворено зборува за криминалите на Заев

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешното поднесување обвинение за предметот „Моќник во кој е опфатен и пратеникот од нејзините редови Антонијо Милошоски и порача дека тој е цел на прогон од власта.

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството. Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за реперкусии и притисоци врз сите политички неистомисленици“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија обвинуваат дека и други нивни членови се повикуваат во обвинителството и се врши мобинг врз партиски активисти, а се бркаат и луѓе од работа.

„Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се претставуваат за власт. Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето е единствено Зоран Заев и неговите луѓе. Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари“,порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

О-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешното поднесување обвинение за предметот „Моќник во кој е опфатен и пратеникот од нејзините редови Антонијо Милошоски и порача дека тој е цел на прогон од власта.

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството. Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за реперкусии и притисоци врз сите политички неистомисленици“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија обвинуваат дека и други нивни членови се повикуваат во обвинителството и се врши мобинг врз партиски активисти, а се бркаат и луѓе од работа.

„Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се претставуваат за власт. Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето е единствено Зоран Заев и неговите луѓе. Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари“,порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close