ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува договор што Заев би го потпишал со Бугарија, најави Мицкоски

 

Лидерот на опозициската партија оваа порака ја упати до бугарскиот претседател Радев и до бугарската влада

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат испрати порака до бугарскиот претседател и владата дека евентуален договор којшто би се потпишал од Зоран Заев, тие нема да го почитуваат.

„Мојата порака и до Радев и до бугарската влада е дека овој едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, нема намера да го почитува. Затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“,рече Мицкоски.

Back to top button
Close